Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер - Скопје - Fashion Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бренд менаџер

Скопје

Application deadline:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

БРЕНД МЕНАЏЕР

 

Главни обврски и одговорности:

  • Бренд Менаџерот е одговорен за развој и имплементација на сезонскиот план за набавки на брендот, како и за развој и имплементација на планови за продажба
  • Одговорен за организацијата и резултатите од работата на својот тим
  • Учествува и е одговорен за избор на стока за секоја сезона
  • Ги обработува податоците по нарачката на стоката и го следи процентот на испорачана стока, предлага план за повлекување на стоката на почетокот на сезоната
  • Планира надополнување на асортиманот, се грижи за оптимално ниво на залихи
  • Тој се грижи за успехот на бизнисот на Брендот и ги следи продажните резултати (продажба преку, Mark-up и Mark-down, реализација во однос на планот, Маржа, Product Mix...)
  • Ја следи и анализира продажбата според дефинирани планови и критериуми
  • Креира извештаи за Тековното Работење
  • Ги анализира пазарот, потенцијалот и куповната моќ на потрошувачите
  • Предлага комерцијални, маркетинг и други активности за постигнување планови и/или зголемување на продажбата 

Образование, работно искуство и вештини:

  • Искуство во управување со тимови и комерцијално работење (минимум 2 години)
  • Напредно работење на компјутер
  • Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word)
  • Познавање англиски јазик
  • Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
  • Ориентираност кон резултати
  • Агилност, прилагодливост и флексибилност
  • Управување со време и приоритети

Ние нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени


​Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more