КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а за успехот на компанијата се заслужни 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Со цел проширување на нашите тимови, потребна е личност која ќе му се придружи на нашиот тим на работната позиција:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
(со средна стручна подготовка)
Ваши задачи:
- навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури
- подготовка и водење на писмена и електронска кореспонденција и комплетирање на целосни предмети со сите потребни одобренија
- редовна координација со претпоставениот и организација на канцелариските обврски и архивирање на предметите
- изработка на дневни, неделни и месечни планови за работа
- работни активности поврзани со предмети за КАМ Косово и КАМ Бугарија
- останати работни активности од делокругот на работното место, согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации:
- завршено средно стручно образование
- пожелно претходно административно работно искуство минимум 2 години
- солидно познавање на работа со компјутер (MS office: Word, Excel, Power Point)
- способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност
- изразени аналитички вештини
- истакнати комуникациски способности и сигурен настап
- високоразвиени организациски вештини
- волја за успех и постигнување на цели, во тесна соработка со мотивиран тим
- пожелно е познавање на англискиот јазик.
Ние Ви нудиме:
- Воведување во работата со обука од ментор
- Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи
- Регрес речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
- Бонус за препорачан пријател за работа
- Слободен ден за роденден
- Платено колективно осигурување
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за спортска опрема
- Картичка за спорт
- Подарок: пакет производи за новороденче
- Училишен пакет производи
- Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
- Попуст за одмор во хотел „Вилиџ“ во Охрид
- Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.mk
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесен избор и ќе бидат контактирани.