Vrabotuvanje.com - Дипломиран Фармацевт - Скопје - Пзу Виола Аптеки
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дипломиран Фармацевт

Скопје

Application deadline:

  • Пзу Виола Аптеки
Miniso

"Виола" Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 година, компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудиме комплетна услуга на граѓаните, ја реализиравме со функционирањето на двете компании: "Виола" Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд.

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нашиот тим на фармацевти и доктори.

Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!

Аптека Виола има потреба од проширување на својот тим со позиција:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ
со искуство


Потребни квалификации:

  • ВСС – Дипломиран фармацевт (со лиценца за работа)
  • Претходно работно искуство во аптека или веледрогерија ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Работа со компјутери

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентост
  • Диманичност и креативност
  • Организираност, самоиницијативност
  • Колегијалност и тимски дух

Што нудиме:

  • Конкурентна плата, согласно вашето искуство и знаење
  • Можност за напредување и надградување

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци, Ве покануваме да аплицирате.

Вашата Професионална Биографија (CV со задолжителна фотографија), доставете ја преку полето Брза Апликација со назнака на апликацијата „За оглас – Дипломиран Фармацевт“.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Pharmaceutics and Biotechnology amounts to 36.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more