Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
За потребите на нашето производство, имаме 1 (една) отворена позиција во одделот Магацин и ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
Магационер за репроматеријали и резервни делови
Клучни одговорности:
- Одговорен за повеќе магацини во компанијата:
- магацин за ситни машински делови, заптивки, лагери и друго
- магацин за големи машински делови
- магацин за боја
- магацин за нафта и крупни машински делови
- магацин за канцелариски материјал
- магацин за електро материјали
- Прави прием и инспекција на примениот материјал
- Го издава приемниот материјал по процедура
- Изнесените материјали на преработка уредно ги евидентира
- Изготвува приемница и требовање во САП системот
- Прави дневни, месечни и годишни пописи
- Води севкупна евиденција во магацинот
- Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот главен претпоставен
Потребни квалификации:
- ССС
- Работно искуство од мин. 2 години
Личен профил:
- Професионална експертиза
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа