Помошник готвач
5 (пет) позиции - Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование пожелно угостителско
- Самоиницијативност, посветеност
- Креативност и умешност
- Високо развиена свест за лична хигиена
- Тимски дух
- Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
Опис на работни задачи и одговорности:
- Подготовка на основни продукти за главните јадења, како помош на готвачот
- Подготовка на месо и зеленчуци за печење, супи, потажи и чорби
- Лупење, сецкање, пржење, чистење и варење на продуктите потребни за изготвување на оброците
- Пакување на храна и складирање на роба во магацин и комори
- Следење на насоките дадени од готвачот и почитување на сите задедени процедури за работа и хигиена
- Ја одржува хигиената на работните површини и апарати каде што ги извршува своите задачи согласно важечките процедури.
На кандидатот му нудиме:
- Конкурентски месечни примања
- Подарок за роденден
- Организирана исхрана
- Платен превоз
- Работа во смени
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку Брзата Апликација со назнака “Помошник готвач”.
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.