Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
ПРАКТИКАНТ - КОНТРОЛОР НА КВАЛИТЕТ
Ова ќе бидат вашите одговорности:
- Димензионални и други видови на мерења , користејќи различна мерна опрема во лабораторија за тестирање.
- Калибрација на оперативна и мерна опрема.
- Анализа и верификација на мерна опрема.
- Креирање на записи од извршени мерења.
- Употреба на на статистички методи и други алатки за анализа на дефекти во Производство.
- Процес на ослободување на прво парче на материјали од Добавувачи EMPB.
- Процес на ослободување на прво парче на продукти кон Купувачи FAI.
- Вовед во IRIS стандардот.
- Вовед во ISO 9001/14001 Стандардите.
- Вовед во ЅАР како ERP.
Времетраење - од 3 до 6 месеци.
Останати информации и апликација:
Ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку полето Брза Апликација со назнака „Практикант - Контролор на квалитет“.
Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.