Vrabotuvanje.com - Возачи за автобуси - Љубљана, Марибор, Крањ, Копер, Ново место, Птуј, Пиран, Ил. Бистрица, Сл. Бистрица, Порторож - Salax
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возачи за автобуси

Љубљана, Марибор, Крањ, Копер, Ново место, Птуј, Пиран, Ил. Бистрица, Сл. Бистрица, Порторож, Slovenia

Application deadline:

  • Salax
 

Една од најголемите автобуски компании во Словенија имаат потреба од возачи на автобуси.

Тие работат на обезбедување транспортни услуги за патниците за урбаните, приградските, меѓуградските области, како и транспортни услуги на патници во меѓународниот сообраќај со скоро 32 милиони километри на годишно ниво.

Во истата таа фирма вработени се околу 1000 луѓе кои управуваат со 550 возила. Имаaт представништва во речиси сите поголеми градови во Словенија како во Љубљана, Марибор, Крањ, Копер, Ново место, Птуј, Пиран, Ил. Бистрица, Сл. Бистрица, Порторож и ги поврзуваат меѓусебно.

Возачи за автобуси

Словенија

Идеален кандидат за нас е оној кој:

  • Поседува важечка Д категорија возачка дозвола;
  • Зборува и познава барем еден од следниве јазици: Хрватски, Српски, Босански, Словенечки или Англиски со цел полесна комуникација во работната средина, работодавецот и деловните партнери;
  • Претходно не бил осуден за дело за кое може да се изрече затворска казна;
  • Знае да се прилагодува на потребите на работата и околината;
  • Се снаоѓа во колектив и како поединец;
  • Фокусиран, искрен, трудољубив;
  • Поседува важечки патни исправи;
  • Сака да учи и да напредува;

Работни обврски кои треба да ги исполнувате, а за сите нив однапред има план за обука!

  • Подготовка и управување со автобусот во согласност со патниот налог,
  • Продавање и контролирање на билети и секојдневно наплаќање и поднесување на промет,
  • Точност на возен ред на автобуските линии и грижа за чистота на автобусот,
  • Следење и брзо и правилно пополнување на талисманот на тахографот и друга документација,
  • Извршување на други задачи по наредба на предпоставениот и во согласност со прописите.

Работодавецот ви нуди:

  • Одржувана и исправна опрема за работа;
  • Нови и средени автобуси;
  • Уредна работна средина и позитивна работна атмосфера;
  • Организирано полагање за КОД 95 со можнос за отплата на рати;
  • Обезбедено сместување во близина на компанијата со ваше минимално учество;
  • Обезбеден бесплатен курс за Словенечки јазик;
  • Редовна исплата на плата за договорената работа;
  • Бесплатно посредување на документи за работа и престој во Словенија (за кандидати без Еу пасош)
  • Годишен регрес од околу 1500€ и божиќница во износ од околу 1000€;
  • Секој возач добива бонус во износ од 1.200 евра бруто (600 евра по успешен пробен период и 600 евра по 1 година континуиран работен однос).
  • Бенифицирана работа, 12 месеци се сметаат за 14.
  • Месечни бонуси за успешност од 16%.
  • Надоместок за транспорт во износ од 0.21€/км;
  • Надоместок за хранарина во износ од 7,96€.
  • Основна плата во износ од 1600 -1700 во зависност од искуството и ангажманот, во договор со работодавецот.

Се повикуваат сите заинтересирани да ни испратат кратко CV или податоци како:

  • Име и презиме,
  • Дата на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Телефонски број,
  • Маил адреса,
  • Образование,
  • На кратко објаснување за вашето работно искуство...

Со назнака „за возач на автобус“ преку Брзата Апликација.

Вашите апликации ќе бидат испратени до работодавецот со кој ќе закажеме онлајн информативен разговор за да се запознаете повеќе со условите, принципите и платата. Потоа следува пробна работа за која имате обезбедено и платено сместување за 3 дена. Првиот ден ќе биде презентација на работата и опремата, другиот ден ќе биде проба за возење, додека третиот ден ќе биде лекарски преглед и подпишување на договор.

Ве очекуваме!

Следете не на:

WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija
FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601
Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)
Instagram photos and videos
FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068
Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more