Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, Jamnica, Dijamant, Chips Way, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Планер на залихи
- Предвидување на продажба преку анализа на податоци и пазарни трендови за да се обезбеди прецизен план на продажба на производи во различни временски интервали.
- Одржување на оптимално ниво на залихи преку континуирано прилагодување на плановите за продажба и достапноста на производите наменети за регуларна и акциска продажба
- Идентификување на потенцијалните ризици предизвикани од флуктуациите на побарувачката, проблеми при процесот на производство или пак промени на пазарот и разработка на предлог активности за нивно надминување.
- Изработка на План на продажба за лансирање на нови производи преку анализа на податоци од продажниот тим, анализа на пазарните трендови и анализа на историски податоци од лансирања на слични производи
- Следење и евалуација на точноста на Планот на продажба, преглед и анализа на влезните податоци, идентификација на пазарните трендови и анализа на можностите за унапредување.
- Соработка со Принципалите со цел да се обезбеди усогласување на Плановите на повлекување со Плановите на производство и набавка на суровини што треба да обезбеди континуиран процес на обезбедување залихи и минимизирање на времето потребно за траснпорт и прием.
- Дневно следење на нивото на залихите и идентификување на потенцијален недостаток или вишок на количини со цел навремено преземање на корективни дејства
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции: Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
- Општи компетенции: Одлично познавање на работа на компјутер, Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот
- Можност за работа од дома
- Приватно здравствено осигурување
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Поволности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/