Vrabotuvanje.com - Администратор за царина и логистика - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор за царина и логистика

Скопје

Application deadline:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНА И ЛОГИСТИКА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Основен оперативен контакт со шпедитерот;
  • Организирање на транспорт за увоз на материјали;
  • Остварување контакт со добавувачите за организирање на транспортот;
  • Организирање на транспорт за извоз на готовиот производ;
  • Следење на транспортот;
  • Следење на трошоците за транспорт;
  • Изработка на документи за евиденција на увозот и извозот;
  • Подготовка и поднесување на барање за издавање на регистарски таблички.
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • ВСС - Факултет за царина и шпедиција;
  • Претходно работно искуство во шпедиција;
  • Активно познавање и користење на софтверот за облагородување (loan system);
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
  • Познавање на англиски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори);
  • Познавање на софтверот DCK Data ке се смета за предност.
ШТО НУДИМЕ:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more