Le Grand Casino Скопје вработува
КРУПИЕРИ со и без работно искуство
За кандидати без работно искуство следува вработување по успешно завршена обука
Критериуми за пријава на обуката:
- Мин ССС
- Лица постари од 18 години
- Желба за учење и развој на нови вештини
- Желба за работа во динамична средина
- Логичко математички способности
- Познавање на странски јазик (Англиски)
Доколку се пријавите на обуката добивате:
- Интензивна едно месечна обука вршена од професионалци од најстарото казино во Македонија
- Платена обука во износ од 22.500 по успешно завршување
- Сигурно вработување после успешно завршена обука
- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место
- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица
- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово
Професионалните Крупиери се вешти во различни игри на маса, поседуваат одлични комуникациски вештини и имаат изразени математички способности.
Работни одговорности за Крупиер:
- Ги знае, применува и почитува правилата и прописите на игра на маса (Блек Џек, Покер, Рулет)
- Ја спроведува играта во согласност со правилата на секоја игра посебно, прима уплата и врши исплата на влоговите.
- Знае умешно и спретно да дели карти, ракува со жетони и сл.
- Точно, прецизно и брзо дели одреден број карти на сите играчи (зависно од играта).
- Брзо, точно и прецизно ги пресметува (на памет) износите на добивките или загубите на играчите.
- Ги знае и се придржува до максималните и минималните влогови и исплати за секоја игра посебно.
Критериуми за пријава за Крупиер:
- Мин ССС
- Лица постари од 18 години
- Искуство на иста позиција мин. 2 години
- Техничко познавање на игрите и нивните правила
- Логичко математички способности (пресметување на памет влогови, добивки и исплати)
- Изразени перцетивни способности и насоченост на детали
- Познавање на странски јазик (Англиски)
Доколку се вработите во нашето казино:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место
- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица
- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово
Локација: Ле Гранд Казино Скопје (во Хотел Холидеј Ин)
Како да аплицирате: Пратете ни ја Вашата апликација преку Брзата Апликација и во Subject наведете Обука за Крупиер / Крупиер во Ле Гранд Казино Скопје.
Лице за контакт: Анастасија Каранфиловска Човечки ресурси, Ле Гранд Казино.
Рок за пријавување на огласот: 26.04.2024 год.
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ле Гранд Казино е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.