ФАРМАХЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
има потреба од:
Стручен соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови
Барања за позицијата:
- Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија), Фармацевтски факултет или Медицински факултет со афинитет и солидни познавања на областа биохемија; Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet); Одлично познавање на Англиски јазик (пишување и зборување);
- Задолжително претходно работно искуство во продажба од слична природа (ин-витро дијагностички медицински помагала /лекови/хемикалии и сл.) минимум 2 години;
- Предност ќе имаат кандидати со искуство во деловна коресподенција;
- Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, желба за учење нови работи, висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето, комуникативност;
- Тимска работа со колегите во секторот и заедничко креирање на работата, правење заеднички планови за посети, активности, настани, промоции, презентирање новитети...
- Поседување на Б возачка дозвола и активно возење.
Работни задачи:
- Стручниот соработник за маркетинг и продажба во Секторот дијагностика и лекови ќе ги има следниве задачи:
- Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои нашата фирма ги застапува;
- Организација на работата околу фирмите за кои ке биде надлежен: планирање на залиха, следење на залиха и нарачки;
- Припрема на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови;
- Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамки на секторот;
- Пoдготовка на понуди/тендери за клиентите од приватното и јавното здравство, спедење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови.
Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Нудиме:
- атрактивна и динамична работа;
- можност за надградба на професионален план;
- одлични услови за работа;
- можност за напредување во кариерата.
Позицијата е со седиште во Скопје.
Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk најдоцна до 05.04.2024.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.