МЗТ Пумпи е производител на индустриски пумпи за транспорт на вода ,нафта и нафтени деривати. Со искуство од повеќе од 70 години има широк производен асортиман на центрифугални и волуметриски пумпи кои имаат широк примена во нафтена и гасна индустрија, процесна индустрија, наводнување и водоснабдување, рударство итн.
МЗТ Пумпи има потреба од следната работна позиција
Сметководител - 1 извршител
- Работно искуство од три години во сметководство
- Познавање на компјутерски програми, MS Office и Интернет
- Познавање на законските регулативи во областа на финансиите и сметководството,
- Доверливост и аналитички способности
- Евидентирање на влезни и излезни документи
- Контрола и евиденција на благајна
- Усогласување на финансиски картици
- Комуникација со надлежни институции
Работата ќе се извршува со полно работно време ( 40 часа) од понеделник до петок.
Висината на месечната плата - по договор
Кратка биографија со копија од диплома, сертификати и уверенија да се достават на адреса:
МЗТ ПУМПИ АД Скопје, ул.Перо Наков бр.126, 1000 Скопје или преку полето Брза Апликација.
Краен рок за пријавување 15.04.2024 година