Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Возач доставувач за реон ТЕТОВО/ГОСТИВАР
Локација: Тетово/Гостивар
Оддел: Логистика
Рок за пријавување: 01.05.2024
Позиција: 1
ВОЗАЧ ДОСТАВУВАЧ ЗА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР ТЕТОВО/ГОСТИВАР:
Одговара за квалитетна и ефикасна дистрибуција на стоки до купувачите на пазарот и до други организациски единици во компанијата со цел да бидат квалитетно и навремено услужени.
Одговорности како Возач доставувач :
- Навремена достава на стоки до продажно место согласно план за дистрибуција
- Управување со товарно возило и да имате возачка дозвола Ц категорија
- Да се грижите за хигиената и одржување на чистотата на возилото како и негово соодветно паркирање и сместување.
- Да вршите истовар и утовар според потребите
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40 часа;
- Работа на определено време;
- Пријатна работна атмосфера;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Возачка дозвола, Ц категорија;
- Комуникациски вештини;
- Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
- Способност за управување со патничко возило;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 01.05.2024