Зад секоја успешна компанија стои силен тим. Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР/ЕЛЕКТРИЧАР/ЕЛЕКТРОМОНТЕР
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема
- Минимум 3 (три) години на работно искуство
- Возачка дозвола од минимум Б категорија
Опис на работата:
- Електроинсталации во деловни објекти и приватни имоти (при адаптација или реконструкција)
- Хаусмајсторски поправки и отклонување на дефекти и испитување на инсталации
- Полагање на кабли и поврзување на опрема
- Фина монтажа на расвета, прекинувачи, приклучоци, системи за контрола на пристап и домофони
- Монтажа на кабелски регали – ќе се смета за предност
- Монтирање на разводни ормани и спојување на истите – ќе се смета за предност
- Други електромонтажни работи
Дополнителни критериуми:
- Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа
- Способност на читање на електроинсталациски планови (шеми) – ќе се смета за предност
- Спремност за работа надвор од Скопје – без преспивање
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
- Колективно осигурување од несреќа
- Платени дополнителни часови прекувремено
- Платен годишен одмор
- Можност за напредување во кариера
- Избор на рачен алат по желба
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!