Ресорт Маврово го проширува својот тим.
СУПЕРВИЗОР НА РЕЦЕПЦИЈА / РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
(Можност за сезонска работа или за подолго)
Работни одговорности на Супервизор на Рецецпција и резервации во Ресорт Маврово ДОО:
- Го планира, организира и контролира секојдневното работење;
- Одговорен/на за материјалното и финансиското работење на Рецепција и резервации;
- Ориентиран/а кон исполнување на барањата на гостите;
- Ги максимизира сите можности за продажба понудени од страна на хотелот;
- Ја организира работата на Рецепционерите и Агентите за резервации; ги унапредува нивните вештини; учествува во интервјуа за нови вработени;
- Изготвување различни извештаи и коресподенција помеѓу сите сектори во хотелот;
- Одлично го познава софтверот за работа;
- Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на Рецепција и резервации.
Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово:
- Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
- Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
- Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
- Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
- Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
- Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Вештини за работа на компјутер;
- Работа во три смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
- Сместување и 3 оброци дневно;
- 8 слободни денови во месецот;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во subject наведете Супервизор на рецепција или Рецепционер/ка.
Контакт телефон: 072 809 999
Рок за пријавување на огласот: 03.05.2024
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.