Ресорт Маврово го проширува својот тим.
СУПЕРВИЗОР НА РЕСТОРАН / КЕЛНЕР / ШАНКЕР
(Можност за сезонска работа или за подолго)
Работни одговорности на Супервизор на Ресторан во Ресорт Маврово ДОО:
- Прима нарачки од гостите и ги исполнува барањата на гостите на љубезен и ефикасен начин
- Ја контролира исправноста и точноста на нарачките кои се послужуваат во ресторанот и го контролира правилнотп обележување (маркирање).
- Одговорен за наплаќање на извршените услуги во готово, фактура, кредитна картичка и ја усогласува касата на крајот од смената
- Предлага нарачки за потребите на ресторан и бар и се грижи континуирано за залихите
- Учествува во попис на инвентарот и пијалоците во ресторанот
- Управува со резервации во Ресторан и Бар
- Делегира работни задачи и организира смените на персоналот во ресторанот и ги надгледува нивните перформанси
- Одговорен е за врвна услуга на гостите и задоволување на нивните потреби
- Предлага инвентивни нови процедури и стандарди за подобрување на работењето
- Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на Ресторан
Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:
- Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот;
- Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Комуницира со останатите сектори и одговара на барањата на гостите;
- Други одговорности соодветни на работното место Келнер.
Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:
- Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Познавање на странски јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Искуство во угостителство на исти или слични позиции
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
- Сместување и 3 оброци дневно;
- 8 слободни денови во месецот;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во subject наведете за кое работно место ваплицирате, Супервизор на Ресторан, Келнер или Шанкер.
Контакт телефон: 072 809 999
Рок за пријавување на огласот: 03.05.2024
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.