Vrabotuvanje.com - Digital Product Owner - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Digital Product Owner

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Digital Product Owner

Во моментов бараме Digital Product Owner кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во дефинирањето на визијата за дигиталните продукти, идентификувајќи ги можностите за раст и развој на ТелекомМК апликацијата и другите дигитални канали. Digital Product Owner-от ќе креира дигитални кориснички патеки за да ги доближи продуктите и услугите до секој корисник, но и решенија кои понатаму ќе го обликуваат дигиталното корисничко однесување.

Работни задачи:

  • Планирање на продуктниот развој на ТелекомМК апликацијата и останатите дигитални канали
  • Учество во креирањето и усогласувањето на продуктната roadmapа со стратешките цели на компанијата
  • Управување со целиот циклус на дигиталните решенија и продукти за е-трговија, од нивно креирање и дизајнирање до финално лансирање на истите на пазарот
  • Приоретизирање и менаџирање на продуктиот backlog
  • Да биде врска помеѓу бизнис тимовите и тимовите за развој и да ги преведува бизнис барањата во user stories за да обезбеди тие да бидат целосно разбрани
  • Соодветно приоретизирање со цел да обезбеди координирање на развојот со продуктната стратегија
  • Пронаоѓање на решенија за надминување на препреките при развојот на дигиталните продукти со цел остварување на целите
  • Водење на продуктниот план и поставување на очекувања за развој на нови функционалности
  • Следење на пазарот и да ги разбирање корисничките барања и конкурентските активности
  • Тесно да соработува со продукт менаџерите за да разбере кои кориснички барања треба да се пресретнат и да дизајнира решенија за да се оствари таа цел

Потребни квалификации:

  • Диплома од Факултет од областа на Електротехника , Компјутерски науки или Економија
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство
  • Познавање и искуство во управување со маркетинг, технички и дигитални проекти и тимови
  • Искуство во управување со проекти поврзани со веб и мобилни апликации и дигитални алатки низ целиот животен циклус
  • Искуство во водење на проекти согласно agile методологијата
  • Корисничка ориентираност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Амбициозност и желба за постојано учење
  • Иновативност и способност за воочување на нови можности

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Digital Product Owner.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 05.04.2024 до 14.04.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more