ЕЛКОМ ГРУП е компанија со 17 годишно работење во Македонија во областа на веб дизајн и интернет маркетинг, опслужуваме над 5.000 компании/клиенти со некој од нашите продукти/услуги, со голем дел од овие компании имаме повеќе од десет годишна соработка.
Поради зголемениот обем на работа, како и зголеменото портфолио на продукти, ЕЛКОМ ГРУП ДОО (www.Elco.eu.mk) има потреба вработување на две вработени во продажба.
- Целосно канцелариска работа;
- Фиксна плата плус бонуси од реализација;
- Трајно вработување;
- Работно време од 08 - 16 часот од Понеделник до Петок.
* Пред вработување, предвидено е две недели обука која како работен ангажман не е платена, овој период од две недели, во зависност од резултатите на кандидатите може да биде и порано прекинат како би почнале со директно вработување.
Тимот го прошируваме со:
Работни задачи и одговорности:
- Закажување на состаноци и реализација на план;
- Телефонско комуницирање со постоечки и потенцијални клиенти.
Очекуваме:
- Одлични комуникациски способности во работа со клиенти;
- Основни компјутерски вештини;
- Самоиницијатива, посветеност, проактивност, одговорност, насоченост кон резултати;
- Завршено високо образование ВСС
Нудиме:
- Вработување во успешна, реномирана, интернационална компанија;
- Работа со современи технологии и едукација;
- Грижа за личниот и кариерниот развој на вработените;
- Динамична и флексибилна работна средина;
- Неограничени можности за напредување и заработка;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
Почетна Нето плата за работен однос на полно работно време за оваа позиција изнесува 30.000-40.000 денари
Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на hr@elco.eu.mk. Ве молиме наведете ја работната позиција за која аплицирате.