Vrabotuvanje.com - Инженер технолог (насока Хидраулично инженерство) - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер технолог (насока Хидраулично инженерство)

Скопје

Application deadline:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворено е следново работно место:

ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ (насока Хидраулично инженерство)

 

Работни задачи:

  • Се грижи за оптимално искористување на постројките во делот на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Предлага методологии за интервенции, при извршување одржувачки задачи во делот на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Контролира спроведување на потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
  • Ја координира и контролира дневната работа на тимовите;
  • Ја контролира за состојбата на резервни делови;
  • Изготвува барања за набавка на резервни делови;
  • Врши подигање на делови од магацин и ги снабдува со делови оперативните извршители;
  • Планира резервни делови за тековно одржување и ремонт:
  • Учествува во имплементација на нови проекти;
  • Изработува неделни и месечни извештаи за обемот и квалитетот на извршените работни задачи.

Основни квалификации:

  • Високо образование – Дипломиран машински инженер (Хидраулично енергетско инженерство или Хидраулично инженерство);
  • 3-5 години работно искуство во областа на хидраулика, пневматика и подмачкување;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Основна одговорност

  • Ја контролира состојбата на резервни делови;
  • Планира резервни делови за тековно одржување и ремонт;
  • Изготвува барања за набавка на резервни делови;
  • Технички ги оценува пристигнатите понуди.
  • Врши подигање на делови од магацин и ги снабдува со делови оперативните извршители во согласност со планот и налогот за работа;
  • Го контролира и технички го поддржува вградувањето на деловите при припрема на склопови;

Дополнителни квалификации

  • Познавање на хидраулични компоненти,
  • Способност за техничко разбирање на хидраулични шеми,
  • Компјутерски вештини: MS Office, Solidworks, AutoCAD,
  • Способност за водење на тим и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 28.04.2024 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Инженер технолог (насока Хидраулично инженерство) и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more