Vrabotuvanje.com - Оператори за производство на електрични мотори (мажи/жени) - Скопје - КЕССЛЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператори за производство на електрични мотори (мажи/жени)

Скопје

Application deadline:

  • КЕССЛЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден


 

Оператори за производство на електрични мотори (мажи/жени)
 

Групацијата КЕССЛЕР, претставува иновативен лидер на напредна технолoгија и е почитуван бренд во индустријата за производство на машински делови. Со своите деловни активности присутна е во: Германија/Бад Бухау, Северна Македонија/Скопје и низ целиот свет со свои продажни и сервисни центри. Околу 600 вработени се дел во процесот на истражување, развој и производство на електрични мотори, генератори и компоненти, како и производи и апликации во новите полиња на оптимизација на процеси во реално време, електромобилност и обновливи извори на енергија. Поврзано со обемот на активности, имаме потреба од оператори за производство на компоненти за електрични мотори со перманентни магнети и генератори.


Потребни квалификации:
  • Минимум ССС (електро и/или машинска стручна спрема се смета за предност)
  • Професионалност и ефикасност во извршивање на работните задачи
  • Одговорност, флексибилност и организираност во извршивање на активностите
  • Креативност и аналитичност
  • Претходно работно искуство со сервис и поправка на електрични мотори, работа со алати или занаетчиска дејност се смета за предност


Одговороности и задачи:

  • Работа во производствен тим
  • Производство на формирани намотки
  • Производство (винклување) на статори за електрични мотори и генератори по точно утврдени фази и протоколи 
  • Склопување и тестирање на статори за електрични мотори и генератори
  • Комбинирање на механички и електрични аспекти во работењето
  • Визуелна проверка на квалитетот на готовиот производот – мерење со механички и електронски инструменти

Што нудиме?

  • Работа во две смени (од понеделник до петок)
  • Обезбеден оброк и превоз 
  • Исплата на плата до крајот на тековниот месец 
  • Атрактивен регрес за годишен одмор со континуиран пораст секоја наредна година
  • Дополнително 24/7 осигурување од незгода
  • Можност за приватно здравствено осигурување
  • Стабилна работа во која се стимулира учење и професионален развој
  • Стручна подршка во извршувањето на задачите
  • 24 работни денови годишен одмор
  • Вработување во групацијата КЕССЛЕР, со 100 годишно искуство во развој и производство на електрични машини

Доколку се гледате себеси како вистинска личност за нашиот тим, ги очекуваме вашите апликации за работа​

Апликацијата треба да содржи мотивационо писмо, фотографија и CV. 

Со Вашето доставување на  CV  се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база во период   од 12 месеци

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Вашите апликации испратете ги преку полето Брза Апликација
КЕССЛЕР Македонија ДООЕЛ Илинден
Ул.10, Бр.124, Илинден, Скопје

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more