Vrabotuvanje.com - Транспортен работник - Охрид - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Транспортен работник

Охрид

Application deadline:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

 

За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:

ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК





 

Основни одговорности:

  • Утовар/истовар на воздухолови според инструкциите дадени од Контролорот на Опслужување на Воздухоплови.
  • Сортира багаж во сортирница за багаж
  • Помага во опслужување на патници со намалена способност за движење.
  • Поставува подметнувачи на воздухопловите.
  • Се грижи за чистотата на аеродромската платформа, го отстранува сметот од воздухопловите и од аеродромската платформа
  • Го известува Контролорот на Опслужување на Воздухоплови за сите неправилности при опслужување на воздухопловите.
  • По потреба работи на одржување на треванати површини во рамките на аеродромскиот комплекс, пред терминална и административна зграда, приодни и излезни патишта од аеродромскиот комплекс.
  • По потреба извршува работни задачи во службата за зимското одржување, учествува во работењето, активностите и извршувањето на постапките на Зимската служба на аеродромот согласно лиценците, уверенијата и сертификатите кои ги поседува;
  • По потреба извршува работни задачи при внесување и изнесување на лица со посебни потреби во и од воздухоплов.
  • Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
  • Вршат и други работи по наредба на претпоставените раководни лица

Опис на работното место:

  • Одговорен за сортирање, усмерување, утовар и растовар на товар до и од воздухоплов во контекст на правилата за безбедност, компаниските прописи и процедури и во склад со инструкциите дадени од страна на Контролорот на Опслужување на Воздухоплови.

Вештини:

  • Познавање на системот: DCS-спарување на багаж
  • Добра физичка кондиција
  • Комуникациски вештини
  • Тимска работа
  • Добро познавање на организацијата
  • Професионалност и одговорност
  • Почитување и работна етика
  • Организациски вештини и менаџирање со време
  • Ориентираност кон корисници

Потребни квалификации:

  • Средно Образование (IV степен)
  • Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво А2
  • Организациски вештини и тимска работа

Лиценци со кои мора да се стекне:

  • Сертификат за стручно оспособување за Рендген оператор издаден од страна на ТАВ Македонија
  • Обука за опасни материи наменета за персонал од обезбедување, Категорија 12 
  • Оперативна безбедност во безбедносно ограничена зона
  • Возач во воздухопловна/безбедносно ограничена зона​

Услови:

  • Работното време е организирано во смени.


Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

​Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

​Во очекување сме на Вашите апликации!







 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more