Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ГРАВЕ осигурување АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ГРАВЕ осигурување АД Скопје



ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 195 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија. Искористија можноста да се приклучиш на Граве Тимот! 

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје објавува оглас за вработување на:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Економски факултет)
  • Препорачано минимално работно искуство 3 години во сметководство и финансиско работење

ГЛАВНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Прием на сметководствени документи за книжење
  • Извршување на оперативни работи поврзани со финансии и сметководство – книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењето на трансакциите во главната книга
  • Пресметка на плати, исплатни листи, составување МПИН, пресметување надоместоци и трошоци од работен однос, пресметка и исплата на провизии за Брокери, Агенти и застапници во осигурувањето, вклучувајќи ги сите со закон пропишани јавни давачки и соодветни известувања
  • Изработка на извештаи за цели на известување до Агенцијата за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување, Централен регистар, УЈП, Банките
  • Изработка на извештаи, побарани од менаџментот на друштвото
  • Следење и примена на позитивните законски прописи од областа на финанасии и сметководствено работење.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel
  • Познавање на странски јазик – англиски

РАБОТНИ УСЛОВИ:

  • Работна позиција на определено време (првичен договор на определено време од 6 месеци)
  • Работно време од понеделник до четврток од 07:30ч до 16:00ч и петок од 07:30ч до 13:30ч.
  • Можност за напредување и награда за постигнатите резултати. 

Ве молиме испратете ја Вашата професионална биографија со назнака за работната позиција за која аплицирате најдоцна до 26.05.2024 на hr@grawe.mk

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Граве Осигурување АД Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата на Друштвото.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more