Vrabotuvanje.com - Монтер на системи за седишта - Тетово - КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Монтер на системи за седишта

Тетово

Application deadline:

  • КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.

Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.

Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.

Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:

МОНТЕР НА СИСТЕМИ ЗА СЕДИШТА

 

Вие заедно со вашиот тим ќе работите на монтажа на деловите од седиштето на рамката како и тапацирање на сошиените навлаки на сунгерестите делови од седиштето. 
 

Ова ќе бидат вашите одговорности:

  • Тапацирање на седишта за патнички, градски автобуси и железници (Перничиња за седење / Наслони на седишта);
  • Тапацирање на мали делови на седишта како што се наслони за раце, наслони за глава, помошни делови за потпирање;
  • Mонтажа на делови за седишта (рамки на седишта, наслони на седишта, основа, потпирачи на стапала, разно);
  • Монтажа на делови за вградување (наслони за раце, маси, рачки, разно);
  • Монтажа на седишта за патнички,градски автобуси и возови;
  • Подготовка и пакување за транспорт.


Ова е вашиот профил:

  • IV степен на стручна подготовка. Работно искуство до 2 години во областа на тапацирање мебел и работа со мали делови метал;
  • Познавање на елементи за прицврстување и алати на користење за истото;
  • Способност да чита, применува и следи технички цртежи;
  • Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим;
  • Личност подготвена да ги научи позициите на работа и нивни чекори.


Бенефити:

  • Организиран транспорт
  • Лична заштитна опрема
  • Топол оброк
  • Приватно здравствено осигурување
  • Регрес за годишен одмор (К-15) 40% повисок од минималниот износ
  • Изненадувања за роденден и други подароци
  • Подарок за новороденче
  • Посветен тим со широко познавање и искуство, со иста страст за градење на бизнис од светски размери.

Останати информации и апликација:

Доколку оваа позиција ви изгледа ипривлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку полето Брза Апликација со назнака „Тапацер / Монтер на системи за седишта“. 

Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид. 
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more