Oснована во далечната 1994, со само неколку вработени и голем ентузијазам денес Екстра Меин прерасна во модерна компанија со над 150 вработени.
Во текот на нашето работење изградивме силен, препознатлив и конкурентен бренд во месната индустрија. Имиџот на модерна, европски ориентирана компанија го градевме преку континуиран развој и инвестирање во најсофистицирана и најмодерна технологија на производство, со што од година во година ги зголемувавме продуктивноста и стандардот за квалитет на нашите производи.
Екстра Меин денес претставува современа индустрија за месни производи, водена од професионален тим, составен од млад и високо образуван кадар, кој сo сигурен и стабилен чекор ги остварува зацртаните планови и цели поврзани со стратегија за развој.
ЕКСТРА МЕИН има потреба од следната работна позиција:
ОПШТ РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
Потребни квалификации:
- ССС;
- Со или без претходно работно искуство;
- Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работно место:
- Работа во погон,распакување на месо,редење на колбаси.
Личен профил:
- Комуникативност, организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок;
- Позитивен став и брзина во работењето;
- Деловна култура.
Ве покануваме, доколку сте заинтересирани, пратете Ваша апликација со професионална биографија преку полето "Брза Апликација"!