Компанија за прехранбени состојки, Витастарт (ексклузивен застапник за брендот Chr Hansen од Данска) со долгогодишно искуство и стабилна позиција во Македонија ја проширува својата структура и бара:
Технолог за млеко и млечни производи за Македонија
Барања:
- Задолжително е високо образование во технологијата на храна, специјализација во технологијата на млеко и месо;
- Пожелно е кандидатот да има 6 месеци стаж по специјалноста;
- Владеење на англиски јазик;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Желба да се работи во тим;
- Валидна возачка дозвола и подготвеност да се патува низ регионот;
- Продажно искуство е предност.
Одговорности:
- Ги продава производите во својот доделен регион во согласност со неговите комерцијални цели;
- Развива и имплементира краткорочни и долгорочни маркетинг планови и стратегии;
- Изградба и одржување на долгорочни односи со клиентите, консултирање со нив за различните производи и апликации;
- Подготвува презентации на производот кога е потребно како и демонстрација на истите;
- Подготвува дневни и месечни извештаи за активностите и продажбата.
Услови:
- Одлична можност за професионална реализација во компанија со високи стандарди;
- Многу добри работни услови;
- Специјализирани обуки во Македонија и во странство;
- Долгорочни контакти со водечки специјалисти во оваа област;
- Следува службен автомобил, лаптоп, телефон.
- Покрај стручното образование и обука, ние бараме проактивна и искрена личност за поддршка на нашата корпоративна култура.
- Знаеме дека нашите вработени се срцето на нашиот успех и, во замена за вашите напори, обезбедуваме обука, фер плата, предизвик во работата и почит.
Ние го цениме вашиот интерес и вашата апликација ќе се чува во целосна доверливост.
Платата 47 000 ден за првите 6 месеци.
Доколку сте заинтересирани, ве молиме испратете го вашето CV на маилот g.oliver@vitastart.mk
Тел 071 369 930 Оливер
ВитаСтарт ДОО - https://vitastart.mk/
Адреса на Компанијата е:
Улица 32 бр.10 Населба ИЛИНДЕН-Скопје
Се наоѓаме во објектот на IFB ...Вeднаш до DHL – во близина на Хотел Белви, односно https://www.google.com/maps/place/Vitastart+doo/@41.997405,21.5502087,14.5z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0x4b971ffd9ebbd6b2!8m2!3d41.9990653!4d21.5566368