Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, модерна, динамична и иновативна компанија, која работи во доменот на пласирање производи и услуги, има потреба од вработување на:
ПРОДУКТ / БРЕНД МЕНАЏЕР
опис на работни задачи и обврски
- Следење и контрола на залихите, изработка и пласирање на нарачки и организирање на навремени испораки;
- Редовна комуникација со добавувачи – преговори за понуди, цени и услови на соработка, решавање на проблеми;
- Посета и мониторинг на своето портфолио на производи во продажните единици;
- Спроведување на годишни оперативни планови директно поврзани за своето портфолио на производи;
- Подготовка на извештаи за промет, профит, тренд, како и анализа со предлози за промени;
- Креирање план на активности за остварување на таргетите и за подобрување на резултатите;
- Следење на пазарот и конкуренцијата
квалификација
- Високо познавање на Microsoft Office со посебен фокус на Excel;
- Соодветно работно искуство;
- Универзитетска диплома (економски или технички науки);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Комуникациски, аналитички, организациски и преговарачки компетенции на напредно ниво.
што нудиме
- Годишни бонуси во зависност од остварените резултати;
- Пријатни работни услови и соодветна опрема за квалитетно извршување на работните задачи;
- Можности за патувања со посета на добавувачи и саеми надвор од Македонија;
- Динамична средина, возбудливи професионални предизвици и работа во инспиративен тим;
- Работно време 08:00-16:00 часот.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку Брзата Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.