Почитувани, за работно ангажирање во фирмата МАР МЕДИКА ДООЕЛ КУМАНОВО во своите деловни простории во КУМАНОВО има потреба од вработување на
АГРОНОМ –НАСОКА ПОЛЕДЕЛСТВО СО ИСКУСТВО
НАПОМЕНА: Огласот се однесува за место КУМАНОВО.
Потребни квалификации:
Високо образование – Земјоделски факултет –АГРОНОМ -НАСОКА ПОЛЈОДЕЛСТВО
Минимум три години работно искуство
Познавање на работа со компјутер и поседување компјутерски вештини
Познавање на Англиски јазик
Одговорности и работни задачи:
Работи заедно со тимот агрономи во оддел култивација на висококвалитетни растенија и осигурува дека се следат пропишаните процедури
Ги пренесува и пријавува сите проблеми поврзани со земјоделските култури и / или процесот на производство до сите релевантни фактори
Корективно препорачува, изведува и координирање активности како што се отстранување, изолација, или уништување на растение
Следење на дневни активности за да се утврди можност за унапредување на продуктивноста,ефикасноста и квалитетот
Навремено координриање и ефикасно спроведување на контролни мерки за штетници и болести кои ги напаѓаат растенијата
Организирање и координирање со тимот агрономи за системот за наводнување за да се утврди дека системите за наводнување работат според намената, собираат и интерпретираат концентрации на ѓубрива
Формирање на рецептури за фертигација
Тесна соработка со производство за подобра сигурност дека планот се контролира и одржува како што треба.
Одговорност за закажување на циклуси на земјоделски култури, одржување на растенијата, клонирање, приклучување, берба и жетва
Придржување кон сите стандарди и процедури
Промовирање и одржување на барањата за ГАЦП и ГМП во сите области на култивирање
Воспоставување, управување и известување за подобрени оптимизирани проекти
Комуникација со останати оддели за обезбедување навремено и ефикасно работење, вклучувајќи и одржување на објектот
Тренирање,обука и оспособување на персоналот за култивирање
Охрабрување на вработени за вклучување за постигнување на заеднички организациони цели
Способност да се прилагодат на технологиите што се развиваат и најдобрите практики во индустријата
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
Следење на работни упатства и процедури
Ефикасност во извршување на работните задачи
Силни аналитички вештини и вештини за решавање проблеми
Одлични вештини за комуникација и тимска работа
Агрономот е одговорен да осигура дека стандардите за работа во компанијата се постигнати преку различни активности за растење одгледување на растенијата со што се подразбира одржување на растенијата, клонирање/размножување на растенијата, наводнување, контрола на штетници, контрола на автоматизираниот систем за одгледување т.е. HVAC, KG и вештачко осветлување на растенијата
Што нудиме:
Конкурентна плата, согласно вашето искуство и знаење
Можност за напредување и надградување
Доколку се исполнуваат бараните квалификации и компетенции потребно е кандидатите да испратат CV преку полето Брза Апликација или да се јават на телефонски број 075/289-790.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Agriculture, Forestry and Fishery amounts to 20.475 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!