ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од вработување на лица во сектор Магацин и Логистика.
Придружи ни се како Магационер во Сектор Магацин и Логистика!
Локација Штип
За работната позиција:
Како Магационер во сектор Магацин и Логистика ќе бидеш вклучен во различни фази на работа во магацинот, и тоа палетирање, прием и складирање на репро материјали, одржување на магацин и средства за работа, прием и складирање на готов производ.
Твојот профил
- Ти одговара полно работно време во Штип (понеделник – петок)
- Имаш работно искуство на слична позиција со магацинско работење
- Познавање од работа со компјутери, работа со ПДА уреди или во ЕРП систем
- Одговорен/а и организиран/а си во работата
- Тимски играч
- Не ти претставува предизвик да се придржуваш до дадени насоки за работа
- Физичка подготвеност
Од тебе се очекува
- Прием и складирање на репро материјалите и готовите производи во магацинските простории
- Подготовка за испорака на роба по претходно добиен налог, како и евидентирање и издавање на истиот
- Утовар и истовар на возилото при испорака и прием на производи
- Работа со документација која го следи магацинскиот тек на производите со ПДА уред и во компјутерски систем
- Да учествуваш во организацијата на магацинот и подредувањето на роба
- Навремено и точно да ги извршуваш работните задачи според однапред зададени насоки
- Максимално внимание и грижа за репроматеријалите и готовите производи
Што нудиме?
- Соодветна обука за позицијата и почетна поддршка во извршувањето на задачите;
- Редовна и компетитивна плата согласно познавањата и работното искуство на кандидатот на иста или слична позиција;
- Платен секој прекувремен работен час;