ДГТ Жикол ДООЕЛ – реномирана градежна компанија од Македонија која веќе 30 години успешно работи на македонскиот пазар објавува оглас за:
Градежен инженер за подготовка на техничка документација и следење на проекти
Локација: Скопје
Опис на работно место:
Следење на градежните проекти во изведба во однос на подготовка на техничка документација, водење на градежна книга и градежен дневник, изработка на динамички планови и извештаи за објектот. Координација на основните проекти со изведбата на лице место, изработка на потребни технички решенија за изведба како и контрола на изведените и проектирани работи.
Одговорности:
Координација на градежните активности на локацијата, придржувајќи се до проектните планови, спецификации и распореди.
Следење (мониторинг) на прогресот на проектот, идентификација на потенцијални проблеми или доцнења при изведбата
Соработка со проектниот менаџер и другите засегнати страни за развој и ажурирање на временските рамки, буџети и планови за распределба на ресурсите на проектот
Следење и применување на позитивните законски и подзаконски прописи од областа на градежништвото, како и обезбедување на почитување на сите стандарди од областа на безбедноста и здравје при работа
Комуникација и соработка:
Лицето ќе работи во поголем тим од инженери од сите фази потребни за комплетна изведба на проектите
Редовна размена на информации и соработка со засегнатите страни во проектот, вклучувајќи архитекти, инженери, подизведувачи и добавувачи, за да се обезбеди ефективна комуникација и координација.
Редовна партиципација на состаноци за проектот, обезбедување ажурирања за напредокот на проектот и адресирање на сите потенцијални проблеми или непредвидени ситуации
Дејствување како примарна точка на контакт за вработените на лице место на терен и донесување на ефективни одлуки за сите прашања, конфликти или спорови што може да се појават за време на изведбата на проектот
Обезбедување квалитет:
Осигурување дека градежните активности се изведуваат според спецификациите на проектот и стандардите за квалитет
Врши редовни инспекции на градилиштето за да се идентификуваат и поправат сите проблеми поврзани со квалитетот Документација и известување:
Одржување прецизна и ажурирана проектна документација, вклучувајќи дневни извештаи за прогрес, работни налози, налози за промени и извештаи за инциденти
Потребно образование и квалификации
Универзитетска диплома од областа на технички науки, инженерство, градежен менаџмент или сродни области
Познавање на градежната индустрија и целиот градежен процес и принципите за управување со проекти, вклучително градежни прописи и безбедносни стандарди, потребни дозволи и лиценци, градежна опрема, материјални ресурси
Со или без работно искуство во струката
Возачка дозвола Б категорија (пожелно)
Потребни вештини
Одлични лидерски и комуникациски вештини, и способност да работи со сите нивоа на менаџментот
Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати со особено внимание кон детали и почитување на рокови
Одлични вештини за идентификување и решавање проблеми и стратешка свест
Одлична способност за преговарање и аналитичност
Подготвеност за извршување на работни обврски на терен на различни локации низ оперативниот регион
Способност за делегирање и тимско работење
Упорност, одлучност и интегритет
Работно искуство
Со или без работно искуство во раководење со градежни проекти
Вашата професионална биографија доставете ја преку полето Брза Апликација.
Телефон за контакт: 071221056
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!