Технотранс е водечка логистичка компанија која работи во Македонија повеќе од 15 години. Партнери сме на неколку глобални компании. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа со што остваруваат врвни резултати и поставуваат високи стандарди во работењето. Како компанија која исклучително ги цени своите вработени ние постајоно инвестираме во нивен развој и унапредување на условите за работа.
Во моментов поради планско зголемување на оперативните капацитети бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим.
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
Работни обврски:
- Оперирање со машини во производство
- Ажурирање на податоци
- Повремена проверка на квалитетот на производите
- Работа според зададени работни инструкции и почитување на стандардизирана работа
- Работа според зададени стандарди за безбедност
- Дополнителни задачи и одговорности коишто ќе бидат дефинирани од страна на Супервизор
Услови:
- Способност за тимска работа во динамична средина
- Самоиницијативност, темелност, енергичност и целосна посветеност на работата
- Организираност и одговорност
- Подготвеност за работа во смени
- Способност за следење на инструкции за работа и работни упатства
- Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи
Што нудиме?
- Фиксен и варијабилен надоместок на плата кој надминува 30.000 денари со можности за зголемување и голема дополнителна заработка
- Работа во добра работна средина и атмосфера
- Стабилна работа со можност за напредок
- Осигурани на полно работно време
- Обезбеден квалитетен топол оброк
- Годишен одмор
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Повеќе пати во годината обезбедени бесплатни пакети производи
Аплицирајте со испраќање на вашата кратка биографија преку ПОЛЕТО ЗА БРЗА АПЛИКАЦИЈА или на тел. број 078 / 256 679