Vrabotuvanje.com - Продажен претставник за деловни корисници (Охрид, Струга и Кичево) - Охрид, Струга, Кичево - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен претставник за деловни корисници (Охрид, Струга и Кичево)

Охрид, Струга, Кичево

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Продажен претставник за деловни корисници (Охрид, Струга и Кичево)

Во моментов бараме Продажен претставник за деловни корисници за регионите Охрид, Струга и Кичево кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во продажните активности за нашите деловни корисници преку градење и воспоставување на континуирана соработка. Користејќи проактивен пристап Продажниот претставник за деловни корисници ќе обезбедува зголемување на задоволството на корисниците и ќе има значителна улога во растот на компанијата.

Работни задачи:

  • Извршување на проактивни продажни активности со што би се исполниле месечните цели по производи и услуги
  • Редовни деловни посети на потенцијалните и постоечките корисници
  • Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија и ICT решенија ) за потенцијални и постоечки корисници
  • Подготовка на детален план за активности за привлекување и задржување на корисници
  • Анализа на корисничките потреби и подготовка на продажен план
  • Презентација, преговори и склучување на договори со корисници
  • Континуирано следење на процесите за реализација и проверка на нивниот статус
  • Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисници

Потребни квалификации:

  • Диплома од Факултет од областа на Електротехника, Телекомуникации, Компјутерски науки или Економија
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство
  • Познавање на Microsoft Office и други компјутерски апликации
  • Ориентираност кон корисници
  • Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини
  • Аналитички способности и способност за решавање на сложени проблеми
  • Способност за донесување одлуки, стратешко размислување, самодоверба, прецизност, креативност и доверливост

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Проактивност
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Продажен претставник за деловни корисници.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 05.06.2024 до 16.06.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more