Iprotex е формирана со седиште во Германија од 1999 година.
Ипротекс групацијата всушност брои 9 локации низ целиот свет.
Компанијата се занимава со производство и продажба на производи за автомобилската индустрија, технички текстил и термоизолациони материјали, во шест различни земји.
Меѓународната ориентација е дел од нашата корпоративна политика со цел да бидеме блиски до нашите клиенти и пазари низ целиот свет. На овој начин гарантираме флексибилност, брзина на дејствување и ефикасни синџири на снабдување.
ТИМОТ НА ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ СЕ ПРОШИРУВА!
МАГАЦИОНЕР
Основни должности:
- Ја планира, подготвува и контролира сопствената работа
- Врши прием на готови производи во магацин
- Врши складирање на готови производи во магацин
- Врши рачно товарење и растоварување на готови производи во магацин
- Врши испорака на готови производи
- Врши формирање, амбалажирање, подигање и ускладиштување на палети
- Води грижа и ја одржува хигиената на просториите во кои работи
- Спроведува мерки на заштита при работа и се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа
- Врши други работи и работни задачи согласно работната позиција.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС образование,
- Претходно искуство како магационер ќе се смета за предност,
- Искуство со управување со виљушкар
- Практично знаење за работа во Excel
Вештини и способности:
- Одговорност, лојалност, професионалност
- Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
- Смиреност, сталоженост, комуникативност
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
- Одлично присуство, точност и ефективна употреба на работното време
Услови за работа:
- Колегијална и пријателска работна атмосфера;
- Редовни месечни примања;
- Обезбеден транспорт од и до работното место и храна;
Напомена:
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
Контакт телефон: +389 (02) 551-5278