Друштвото Еуромак-Контрол ДОО Скопје е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како Друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет на стоки и консалтинг.
ЕМК располага со акредитирана лабораторија за животна и работна средина и акредитирано инспекциско тело за контрола на квалитет и квантитет на стоки, акредитирани од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија.
ХЕМИСКИ ИНЖЕНЕР - АНАЛИТИЧАР
за работа во Лабораторијата на ЕУРОМАК-КОНТРОЛ акредитирана од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија.
Кандидатот треба да
ги исполнува следните критериуми:
- Да има завршено високо образование (хемиски факултет)
- Да има работно искуство во областа
- Познавање на работа на компјутери
- Активно управување со возило (Б - возачка дозвола)
Потребни способности и вештини:
- Флексибилен во извршување на работните обврски
- Да поседува способност за организација
- Комуникативност, лојалност, истрајност
- Работа во тим и брзо и ефикасно завршување на зададените работни задачи
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација.