БОХ ПОСТ ДООЕЛ - новоотворена брзорастечка компанија за вршење на поштенски услуги на територијата на Р. Македонија и меѓународно, која нуди најдобри и најбезбедни решенија за достава на секаков вид на пратки, објавува оглас за вработување на:
АДМИНИСТРАТОР ВО БЛАГАЈНА
Потребни квалификации:
- ССС / ВСС ќе се смета како предност;
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Познавање од финансиски работи;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office работни програми.
Одговорности и задачи:
- Припрема и изработка на документи/фактури;
- Евиденција и архивирање на документи;
- Водење на благајна.
Личен профил:
- Организираност и одговорност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност.
Компанијата нуди:
- Одлични услови и тимска работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Работа во две смени;
- Континуирана обука од страна на компанијата.
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија (CV) преку полето Брза Апликација.