БРИКОЛАЖ има потреба од следната работна позиција:
АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ И ДИЗАЈН
Потребни квалификации:
- Високо образование; Економски факултет насока - Маркетинг, Бизнис;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност;
- Работно користење на компјутер - MS office;
- Познавање и работно искуство со Е-Маркетинг;
- Познавање на програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign) ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
- Способност за менаџирање со повеќе проекти во исто време како и за работа под притисок;
- Флексибилен и аналитички настроен способен за работа во тим и/или самостојно;
- Креативен и иновативен мислител;
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Одговорност, посветеност и организиранос
- Стабилна и лојална личност;
- Мотивирана, стабилна, лојална личност со професионално и позитивно однесување на работното место.
Должности и одговорности:
- Планирање, организирање, координација и имплементирање на стратегии за маркетинг промоција;
- Сугестии за подобрувања и други маркетинг активности по потреба;
- Истражување на пазар и следење на конкуренција;
- Приготвување на постери, каталози, брошури и сл.;
- Ажурирање на корпоративните социјални медиуми со нови содржини и информации;
- Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати.
Работно време: 09-17 часот
Ве покануваме, доколку сте заинтересирани, пратете Ваша апликација со професионална биографија преку полето "Брза Апликација"!