Поради проширување на капацитетите на производството, тимот на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС како позната водечка компанија од областа на кетеринг индустријата, лидер во својата област, присутна во 7 градови во земјава која вработува повеќе од 200 лица, има потреба од:
АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
Одговорности и задачи
- Проверка на сите влезни фактури и нивна поделба по деловни едници
- Поделба на трошоци по деловни единици
- Внес на приеми на роба и нивна проверка
- Калкулации на фактури со повеќе приеми и проверка на калкулации за сите подружници
- Проверка на требувања и внес на истите во софтвер
- Врши пописи, преглед и контрола на пописите направени во сите деловни единици на компанијата и врши нивна споредба со фактичката состојба
- Секојдневна комуникација со одговорните лица на сите деловни единици поради координација во материјалното работење, следење и прибирање на потребната документација, нивна дообука и сл.
- Прибирање, подготовка на фактури и калкулации за екстерно сметководство
- По потреба врши електронско плаќање по налог, уплата на дневен пазар, управување со банкарски изводи
- Спроведува и врши проверка на ДДВ месечна состојба
- Изготвува ДДВ пријава
- Врши контрола дали внесувањата во софтверот се правилни, навремени и точни
Потребни квалификации:
- Образование од областа на финансии, економија или бизнис администрација
- Работно искуство во сектор финансии и искуство со работа во софтвер за материјално работење ќе се смета за предност
- Професионално познавање на MS Office, особено Excel
- Аналитички вештини и способности
- Иницијативност и одговорност
- Точност и навременост
- Место на живеење Скопје
- Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност
Услови за работа:
- Работно време прва смена, од понеделник до петок
- Интерна обука од страна на компанијата и менаџерот
- Конкурентна основна нето плата, стимуланси и бонуси
- Дополнителни законски исплати
- Регрес за годишен одмор
- Работа во позитивна средина со можност за напредување
- Oбезбеден топол оброк
- Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: Асистент за финансиско и материјално работење.
Селектираните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.