Vrabotuvanje.com - Работници во производство леари - мажи - Љубљана и Шкофја Лока - Salax
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Работници во производство леари - мажи

Љубљана и Шкофја Лока, Slovenia

Application deadline:

  • Salax
 

Имаме потреба од работници во производство - МАЖИ кои би работеле во една од најпознатите компании за леење и производство на алуминиумски делови за авто индустријата.

Кандидатите треба да имаат одредено искуство во работата, при што пред почнувањето со работа ќе добијат обука и насоки за ракување и управување со машините и алатите како и презентација на производствениот процес.

Станува збор за Словенечка компанија која има претставништва во три држави и тоа во Словенија, Хрватска и Македонија. Тие изработуваат алуминиумски делови наменети за автомобилската индустрија со широка потрошувачка уште од 1948 година.

Работата се одвива во производен центар каде се работи на подготовка на суровини  (течен алуминиум) и послужување на автоматизирани или полу-автоматизирани машини за леење на алуминиум.

Работата има специфични услови поради топлината на материјалот и самата атмосфера, но не е физички ни психички тешка и за почеток добивате 10 дена ментор со кој ќе работите и ќе ве воведе во тоа како оди целата процедура и како работат машините.

Опис на работното место:

  • Вршење надзор на работата на машините,
  • Обслужување на производствени машини и печки за топење и леење;
  • Подготовка на материјали за топење и послужување на печката за топење;
  • Надзор и спроведување на активности при лиењето, преработка на производи;
  • Спроведување на процесот на ладење и загревање;
  • Управување со возила за транспорт на суровини и готов производ – управување со специјализирано возило GLAMA;

Услови кои треба да ги исполнувате за апликација:

  • Да имате работно искуство на ваква или слична позиција,
  • Работо - способност и стекнати работни навики,
  • Познавање на други јазици Англиски, Словенечки или Србско-Хрватски,
  • Мотивираност, пријатен однос и комуникација,
  • Согласност и спремност за работа во смени.
  • Да поседувате важечки патни исправи.

Работодавецот ви нуди:

  • Стабилна и сигурна работа;
  • Опрема за работа во специфични услови.
  • Пензиско и здравствено осигурување;
  • Период обука за работа (кој е платен);
  • Надоместок за транспорт во висина од 0,21€ за километар.
  • Надоместок за хранарина - 7,96€;
  • Сигурни 40 часа неделно работа во четири смени;
  • Работно време од 8 часа со паузи со можност за прекувремени работни часа;
  • Договор за работа на подолг временски период, во зависност од договорот меѓу двете страни;
  • Обука и презентација на работата и работните обврски;
  • Почеток со работа во најскоро време;
  • Бесплатно апликација и посредување за работа.
  • Почетна заработка во износ од околу 1400€.
  • Надоместок од + 16% услови на работата + 25% и 0,5% минат труд.
  • Годишен регрес (минатата година е исплатено 2 000 €), божиќница (оваа година е исплатено 2 250 €) и добивка за успешна година во висина од околу 800 €.
  • Обезбедено сместување (по 2 во соба) за првата година со ваш надоместок од 200-250€ (за оние кои немаат обезбедено сместување).

Сите заинтересирани нека испратат CV/кратка биографија на Англиски, Србо хрватски(латинично писмо) или Словенечки јазик со назнака за -Производство на алуминиумски делови- на следната е-адреса: goran.mehandziski@salax.si

По апликацијата ќе ве контактираме за разговор.

Ве очекуваме!!!

Следете не на:

WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija

FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601

Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)

FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more