Iprotex е формирана со седиште во Германија од 1999 година.
Ипротекс групацијата всушност брои 9 локации низ целиот свет.
Компанијата се занимава со производство и продажба на производи за автомобилската индустрија, технички текстил и термоизолациони материјали, во шест различни земји.
Меѓународната ориентација е дел од нашата корпоративна политика со цел да бидеме блиски до нашите клиенти и пазари низ целиот свет. На овој начин гарантираме флексибилност, брзина на дејствување и ефикасни синџири на снабдување.
ТИМОТ НА ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ СЕ ПРОШИРУВА!
ВРАБОТУВА:
ОПЕРАТОРИ НА ЕКСТРУДЕР МАШИНА
во автомобилска индустрија
(РЕОН СКОПЈЕ И КАВАДАРЦИ)
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во производствена средина (пожелно е искуство во полето на автомобилската индустрија)
- Средно стручно образование
- Мотивација за надградување на работните вештини
Личен профил:
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Услови за работа:
- Колегијална и пријателска работна атмосфера;
- Редовни месечни примања (ПЛАТА ПО ДОГОВОР);
- Исплата на додатоци на плата согласно позитивните законски прописи;
- Редовен работен однос со 8-часовно работно време, сменска работа- турнус (три смени);
- Обезбеден транспорт од и до работното место и храна и
- Можност за лично и професионално надоградување.
Напомена:
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.