Вработување ХР Солушнс за потребите на клиент од реон Куманово, е во потрага по
ПРОДАЖЕН АГЕНТ – КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Главни обврски и задолженија:
- Продажба на нови и репарирани машини од областа на електротехниката
- Изнаоѓање на клиенти и одржување односи со постоечките
- Посети на клиенти на терен
- Изготвување на прегледни и графички средени извештаи
- Следење на продажбата и поттик на активности за зголемување на истата
Потребно:
- Високо познавање на Англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, Power Point, Outlook)
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум 2 години во областа на продажба машини или автомобили
- Поседување продажни способности
- Одлични комуникациски вештини
- Возачка дозвола – Б категорија
Компанијата нуди:
- Стартна фиксна нето плата + Бонуси за секоја остварена продажба
- Можности за промоција и унапредување во компанијата
- Службено возило, мобилен и лаптоп
- Платени обуки и тренинзи
- Квалитетни и модернизирани услови за работа
- Платени патни трошоци
- Обезбеден топол оброк секој ден
- Годишни рекреативни семинари и забави организирани од комапнијата
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови Вашето CV испратете го преку Брзата Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.