Филозофијата на нашата компанија се заснова на доверливост, активно партнерство и постојано иновативно прилагодување кон економскиот развој. Сакаме да ги подобриме нашите услуги преку континуиран технолошки развој и подигање на стандардот за квалитет. Ова го потврдува и сертификатот ISO 9001 Со помош на технолошки напредни возила и професионално обучени возачи, ви нудиме безбедни и сигурни транспортни и логистички решенија.
Бараме шофери на цистерни за вршење транспортни услуги во соседните држави на Словенија, Словачка и Германија.
Возачи на цистерна во меѓународниот транспорт
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- минимална возраст 21 година;
- најмалку 2 години искуство во возење камион;
- возачка дозвола Ц и Е категорија;
- AДР испит за транспорт на опасни материи во цистерни;
- КОД 95;
- подготвен да биде отсутен од дома најмалку една недела, повремено 14 дена или повеќе;
- совесен, организиран и подготвен за нови искуства и знаења.
нудиме:
- Пријатно работно опкружување;
- стабилна работа од понеделник до петок;
- редовни месечни примања;
- со кандидатите ќе склучиме договор за вработување на определено време од 1 година со пробен период од 3 месеци, нo со можност за продолжување на неопределено време.
Доколку се препознавате во горенаведеното, испратете ја вашата апликација на info@hubat.si