Vrabotuvanje.com - Машински инженер за одржување - Скопје - ВИТЕК ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински инженер за одржување

Скопје

Application deadline:

  • ВИТЕК ДОО

 

 

ВИТЕК ДОО
Друштво за производство на хидраулична опрема и услуги со седиште во Скопје, има потреба од вработување на:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ


Потребни квалификации:

  • ВСС - машински факултет
  • Претходно работно искуство во производство во однос на одржување на машини
  • Пожелно е познавање на ISO стандардизација и изработка на други работни процедури
  • Одлично познавање на работа со компјутер (AutoCAD, SOLID, Office-аdvanced Еxcel skills)
  • Познавање на англиски јазик

Личен профил:

  • Способност за менаџирање со луѓе
  • Позитивен став и енергичност
  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
  • Професионален однос кон работата
  • Одговорност и способност за организацијата

Должности и одговорности:

Одговорен за оперативните резултати:

  • управување со потрошувачката на резервни делови и материјали, како и опрема на производствената единица;
  • активности во контекст на подобрување на квалитетот и квантитетот на сработеното во однос на одржување на машините во производството;
  • дневно планирање и организација во однос на работата на вработените во одделот одржување.
  • организација и издавање на распоред за работа на вработените за кои е задолжен;
  • управување со присуство на вработените за кои е задолжен, како и празници и отсуства (за боледување и инциденти);
  • обука и професионално надградување на работниците.

Одговорен за следење и извршување на стандардите

  • во однос на нарачки на работната единица;
  • во однос на процедурите за промена на смената;
  • во однос на превентивна, итна и редовна контрола во однос на одржување на машините;
  • следење на надворешните работници или посетители на работната единица (гости и/или надворешни компании) во делот на одржување на машините;
  • организирање во однос на одржување на машините за континуирано подобрување на ланчаното производство;
  • утврдување на стадандарди и подобрување на постоечките во однос на решавање проблеми во производствениот процес кои се однесуваат на одделот со кој раководи;

Одговорен за машините и опремата

  • надзор над машините и опремата според процедурите и нормите на добра практика;
  • управување со одржување на прво ниво;
  • сигнализација во случај на аномалии, дефекти и други проблеми релевантни за правилно функционирање на машините и опремата.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата со надоместоци согласно закон
  • Обезбедена храна на работното место
  • Надомест за превоз
  • Колективно осигурување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно законот

Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV преку полето "Брза Апликација"

Напомена:

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации се третираат со строга доверливост.

Самото аплицирање на огласот се смета како дејствие со кое кандидатот се согласува дека неговите лични податоци наведени во апликацијата можат да бидат чувани во базата на податоци од страна на Витек ДОО и истите може да бидат обработувани во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор.

Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обраќање на е-пошта: r.nikolovska@mk.vitillo.eu . ”

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more