Vrabotuvanje.com - Machine Learning / Data Scientist Engineer - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Machine Learning / Data Scientist Engineer

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиновативни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Со користење на најсовремени технологии и увиди водени од податоци, поттикнуваме иновации и извонредност во нашите услуги и производи.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Machine Learning / Data Scientist Engineer

Во потрага сме по Machine Learning / Data Scientist Engineer кој ќе се придружи на нашиот динамичен Data Enablement тим, посветен на зајакнување на организацијата преку стратешка употреба на податоците, во согласност со нашата стратегиска цел – водечка дигитална телекомуникациска компанија управувана од податоци. Потребен ни е високо квалификуван професионалец кој ќе биде клучен дел од тимот одговорен за за имплементација на современи решенија во модерна Data Enablement платформа базирана на Data Lake архитектура, развој на предиктивни модели и извлекување на вредни увиди кои ќе ги поттикнат деловните одлуки и ќе придонесат за деловни успеси.

Работни задачи:

  • Дизајнирање и развој на системи за машинско учење, имплементирање соодветни ML алгоритми и спроведување на темелни тестови за да се процени нивната ефикасност, вклучително и рафинирање на алгоритми и оптимизирање на параметрите за да се постигнат посакувани и очекувани резултати
  • Прибирање, чистење и предобработка на обемни и сложени сетови на податоци кои се потребни за ML моделите
  • Соработка со крос-функционални тимови за разбирање на деловните барања и преведување на истите во аналитички решенија
  • Имплементација, следење и одржување на ML моделите во продукција, вклучувајќи детекција и решавање на проблеми
  • Автоматизација на ML процеси вклучувајќи трансформации, тренинг и мониторинг на моделите.
  • Комуницирање на наодите и увидите со не-техничка публика преку извештаи, визуелизации и презентации
  • Учество во имплементација на проекти во Data Enablement платформата базирана на Data Lake.
  • Постојано следење на најновите достигнувања во областа на AI/ML, податочната наука и технологија

Потребни квалификации:

  • Високо образование - Диплома по компјутерски науки, инженерство, наука за податоци или соодветна област
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Искуство со имплементација на алгоритми за машинско учење и статистички техники
  • Искуство со манипулирање и обработка на обемни и сложени сетови на податоци
  • Искуство со програмирање во Python, R и сл.
  • Искуство во работа со AI/ML библиотеки и пакети
  • Искуство со Big Data алатки и технологии (Hadoop, Spark, Kafka…), архитектура базирана на Data Lake
  • Искуство со користење на бази на податоци
  • Познавање на алатки за управување со верзии како Git
  • Способност за работа во агилна организација и учество во агилни процеси
  • Одлични вештини за решавање на проблеми и внимание на детали

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Одлични комуникациски вештини и способност за јасно изразување на технички концепти
  • Подготвеност за учење на нови технологии и позитивен пристап кон личен и професионален раст
  • Ориентираност кон резултати, одговорност, посветеност
  • Аналитички вештини и вештини за решавање проблеми
  • Вљубеник во технологијата

Ако сте подготвени да се придружите на тимот кој го движи дигиталниот трансформациски пат на нашата компанија, испратете ја вашата апликација!

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МКТ

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Machine Learning / Data Scientist Engineer.

Контакт информации тел. 02/3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 13.06. до 23.06.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more