Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Смрча, Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.
Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.
Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за некоја од отворените работни позиции:
Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово:
- Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;
- Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;
- Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
- Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;
- Работи со наплата на добра и хотелски услуги;
- Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство како Рецепционер од мин. две години е значајна предност;
- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Вештини за работа на компјутер;
- Работа во три смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
- Сместување и 3 оброци дневно;
- 8 слободни денови во месецот;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во subject наведете Супервизор на рецепција или Рецепционер/ка.
Контакт телефон: 072 809 999
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.