Vrabotuvanje.com - Градежен инженер/архитект - Прилеп - ИЗОФАС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен инженер/архитект

Прилеп

Application deadline:

  • ИЗОФАС ДОО

Изофас ДОО е компанија основана во 1989 година. Уште од самиот почеток градежништвото е основната дејност на компанијата, а во фокусот изведба на објекти од нискоградба.
Денес, основната дејност е производство и изведба на сите видови бетон, бетонски блокови и цевки, изградба на разни објекти од нискоградба, водоводни и канализациони системи, како и изградба на индустриски, комерцијални и деловни објекти од сите видови.

Процесот на производство на готов бетон и бетонски производи се одвива со современа автоматизирана опрема почитувајќи ги стандардите за високо квалитетен производ, безбедна и здрава работа, како и заштита на животната средина од штетни влијанија.

Градењето и задоволството на нашите клиенти е наша инспирација, а инспирацијата ја прави градбата цврста, квалитетна и сигурна.

Во моментов имаме потреба од вработување за следната работна позиција:

Градежен инженер/архитект за изведба на терен


Клучни обврски и одговорности:

  • Организација и координација на фази на градба
  • Следење на динамика на градилиште
  • Контрола и надзор над извршените работи
  • Контрола на проектна документација
  • Следење и координација на завршените работи, изработка на проектот во буџет и поставени рокови
  • Контрола на градежни дневници и книги
  • Соработка со тим
  • Работа на терен

Квалификации и вештини:

  • Високо образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Преднос имаат кандидати со Овластување
  • Предност имаат сите со работно искуство во струката
  • Компјутерски вештини: Word, Excel, AutoCAD

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV преку полето Брза Апликација, најдоцна до 28.06.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Architecture amounts to 25.340 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more