Vrabotuvanje.com - Аналитичар - Скопје - ВИТАЛИА Никола и др. доо
Share
Tweet
Share
Send to friend

Аналитичар

Скопје

Application deadline:

  • ВИТАЛИА Никола и др. доо

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.

Зошто Виталиа?

Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознат во 55 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од Производство до Продажба, имаат заедничка цел: да креираме комплетно задоволство на клиентите, да ги инспирираме потрошувачите кон здрави прехранбени навики и да градиме култура на здраво живеење.

За поддршка на нашиот сектор за Аналитика бараме

Аналитичар
 

Цел и одговорност на работното место:

  • Пресметка на трошоци на производство
  • Прибирање и анализа на податоци на сите релевантни трошоци, вклучувајќи материјали, работна сила, енергија, амортизација на опрема и останати трошоци.
  • Изработка на детална калкулација на трошоци за секој производ или серија на производи
  • Следење на промените на цените на суровините и други инпути и нивно вклучување во калкулација
  • Анализа на профитабилност преку пресметка на маржи и профитабилност за производите и проекти
  • Изработка на предлог план за оптимизација на трошоците и зголемување на профитабилност
  • Учество во формирање на цени во соработка со оддел за продажба и маркетинг
  • Анализа на конкуренција и пазарните трендови во насока на одредување на одредување на конкурентни цени
  • Изработка на извештаи и анализи
  • Учество во воведување на нови системи за следење на трошоци и калкулации

Потребни квалификации и вештини:

  • Образование: ВСС – економски смер или ССС – со докажано искуство и добри референци
  • Искуство: Искуство во слични дејности, по можност во производствена компанија
  • Аналитички способности и прецизност, развиени комуникациски вештини и вештини за тимска работа.
  • Напредно познавање на EXCEL и високо развиени организаицски способности.
  • Познавање на странски јазик

Виталиа го почитува трудот на вработените и истиот го вреднува преку пакет бенефиции и бонуси на квартално и годишно ниво.

Обезбедуваме континуирана обука за надградување на работните вештини, пријатна работна средина и топол оброк.

Доколку сакате да бидете член на нашиот успешен тим и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја Вашата кратка биографија (CV) преку Брзата Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more