Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Референт за логистика
Референтот ќе извршува работни задачи во Службата за логистика и царинско работење вклучително следење на порачките за продажба на производи, регистрирање на возила, возачи и RFID тагови во мастер дата базата на SAP и ТSI. Креирање на налози за испорака на производи и прием на суровини.
Доделување на транспорт за порачките креирани со организиран транспорт. Распределба на транспорт за дневен прием на суровини (Neptun, SAP).
Подготовка на извозни документи (фактури, ЦМР и царински декларации), скенирање и архивирање на документацијата. Извозно локално царинење локално за испораките наменети за странски пазар. Увозно локално царинење на суровини за потребите на Компанијата.
Комуникација со возачите или други претставници на купувачите и администраторите, за наоѓање на брзи решенија за непречен влез, утовар и излез на возилата од фабрика во согласност со процедурите на Компанијата. Комуникација со одговорните вработени во секторите за корекција или дополнување на одредени делови во порачките.
Основната нето плата за работното место е од 36.000 – 42.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Квалификации:
- VII степен, високо образование
- Работно искуство во комерцијален или логистички сектор ќе се смета за предност
- Солидно познавање на документацијата од областа на финансии и комерција
- Основно познавање на документацијата потребна при извоз и царинење
- Одлично познавање на МS Office апликациите
- Познавање на работа со SAP систем ќе се смета за предност
- Познавање на англискиот јазик
Конкурентски предности за двете позиции:
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини
- Желба за работа во исклучително динамична средина
- Способност за решавање на проблеми во кратко време
- Способност за работа во различни апликации во исто време
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју