Оглас за вработување на РАКУВАЧ СО ГРАДЕЖНИ МАШИНИ
Работни обврски и одговорности:
- Планирање и организација на работа со градежна механизација според инструкциите на претпоставениот;
- Подготовка и постојана проверка на исправност на машините за работа, идентификување на опасности и преземање мерки за стабилност на теренот;
- Ракување и управување со градежна механизација за земјени работи на терен со користење на технички упатства за ракување, пополнување пропишана документација, одговорност и гаранција за квалитетот на извршените работи;
- Посебна грижа и примена на правилата за безбедност и здравје при работа, како и заштита на работната околина.
Потребни квалификации:
- ССС
- Работното искуство ќе се смета за предност
- Овластување за ракувач со вилушкар и мобилна дигалка
- Подготвеност за работа во тим
- Професионален однос кон работата
- Посветеност, лојалност и одговорност
Компанијата нуди:
- Работа во компанија со изграден имиџ во градежништвото
- Стабилност и можност за личен развој
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа
- Плата по договор
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата Персонална биографија доставете ја на E-mail: contact@elenalukaengineering.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за човечки ресурси на моб. 070/406-600