Vrabotuvanje.com - Геодетски инженер - Скопје, Битола - Скопје, Битола - ГЕО БАЛКАН Битола
Share
Tweet
Share
Send to friend

Геодетски инженер - Скопје, Битола

Скопје, Битола

Application deadline:

  • ГЕО БАЛКАН Битола

 

ГЕО БАЛКАН Битола, е високопрофесионална компанија која ги извршува сите активности од областа на геодезијата, проектирањето, урбанизмот, вештачењето, проценката и други активности поврзани со имотно – правните работи на територијата на Република Македонија како и во блиското соседство.

Компанијата започна со работа во октомври 2009 год. со само 5 (пет) геодетски инженери - ентузијасти, но со визија да стане високо конкуретна компанија, и да се развие и да ги подобри насоките во сите области поврзани со инженерството и недвижниот имот. Како потврда на квалитетот на услугите, компанијата на почетокот на 2011 година се приклучи на имплементација на системот за квалитет и животна средина: ISO 9001: 2008 и ISO 14001: 2008, со кој компанијата има стекнато сертификат во ноември 2011 година. Денес компанијата има вработено повеќе од 15 (петнаесет) високо образовани инженери, кои работат во сите инженерски области. Со растењето и развивањето на компанијата една од нејзините главни насоки во кои се специјализира е инфраструктурата. На оваа проблематика започнавме да работиме уште од 2013 година.

Геодетски инженер
- Скопје, Битола -

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Работно искуство од минимум 2 години од областа на инженерска геодезија или катастар
  • Работно искуство со геодетски инструменти како тотална станица, GPS и дрон
  • Oдлично познавање на компјутерски алатки: MS Office, AutoCAD/ Civil 3D, 
  • Основно познавање на QGIS системот за уредување и анализа на геопросторни податоци
  • Возачка дозвола Б категорија

Работни задачи:

  • Учествување во геодетски снимања и обработување на податоци, изработување на катастарски елаборати.
  • Следење и координација на завршените работи, изработка на проекти во буџет и поставени рокови
  • Соработка со тим
  • Работа на терен

Доколку ги исполнувате бараните квалификации потребно е да пратите ваше CV преку полето Брза Апликација или да се јавите на 075/580-135.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more