Vrabotuvanje.com - Офицер за заштита на лични податоци - Скопје - ЕОЅ Матрих
Share
Tweet
Share
Send to friend

Офицер за заштита на лични податоци

Скопје

Application deadline:

  • ЕОЅ Матрих

Офицер за заштита на лични податоци

Скопје, Карпош - бул. Илинден бр.109 локал 6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој. 

Опис на работни задачи

  • Следење и одржување на усогласеност на работењето со Закон за заштита на лични податоци, и ISO 27701
  • Соработка со надзорен орган
  • Соработка со одговорни тела за заштита на лични податоци на ниво на групација
  • Спроведување на контроли
  • Водење на регистар на обработка на лични податоци
  • Мапирање на бизнис процеси кои вклучуваат обработка на лични податоци
  • Координирање на процесите на анализа на ризици, процена на легитимен интерес и влијание на обработката на лични податоци врз приватност на субјектите
  • Организирање на обуки и тестирања од пошироката област на заштита на лични податоци за вработените
  • Планирање на реализација на забелешки од спроведени контроли и ревизии
  • Редовно креирање и ажурирање на политики, процедури и останата документација со која се демонстрира корпоративната усогласеност

Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  •  Завршено високо образование (образование во техничка/ИТ област ќе се смета за предност)
  • Работно искуство во област на обработка на лични податоци од најмалку 2 години
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на ISO 27001, ISO 27701 стандарди
  • Одлично познавање на Закон за заштита на лични податоци и општата регулатива GDPR
  • Одлични познавања од област на корпоративно работење, спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (AML) и усогласеност
  • Енергичност и проактивност
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
  • Одлични организациски и вештини за управување со време
  • Способност за ефикасно приоритизирање на задачи
  • Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
  • Способност за интерпретација на инструкции моделирани во пишана, орална форма и/или форма на дијаграм и распоред

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 15.07.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Контакт податоци jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400

Бенефиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

 

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more