БДО како еден од глобалните лидери во областа на ревизија, сметководство и консалтинг, поради зголемениот обем на работа, моментално бара нов член во тимот за Сметководство:
Сметководител
Потребни квалификации за работното место:
- Завршен економски факултет/oтсек: сметководство и ревизија,финансиски менаџмент
- Со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint)
- Познавања од областа на сметководствени стандарди и МСФИ
- Општи познавања од областа на законската регулатива и даночните прописи.
Личен профил:
- Тимски играч и способност за комуникација
- Сериозен пристап кон работата
- Самоиницијативност
- Желба за знаење и усовршување
- Ентузијазам и подготвеност за работа
- Позитивен став, одговорност и лојалност
- Способност за прилагодување во брза и динамична работна средина
Работни обврски:
- Контрола и книжење на финансиска и материјална документација
- Пресметка на плата и други административни работи за клиентите
- Комуникација со УЈП,НБРМ,ЦРМ и други релевантни државни институции
- Изработка на извештаи со цел на известување до клиентот
- Изработка на извештаи по барање на менаџментот
Нудиме:
- Менторство, поддршка и соработка со одлични колеги и работа во тим од професионалци
- Стимулативна плата/ Конкурентни финансиски услови
- Пријатна работна средина
- Одлична можност за стекнување на нови знаења и развој на нови вештини, преку:
- пристап до широк опсег на стручна литература и апликации
- консултации со професионалци од различни области на нашиот бизнис
- Работно време од 08:00 до 16:00 часот(Понеделник-Петок)
- Годишен одмор согласно ЗРО и ОКД
- Тим билдинг
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме вашите апликации да ги испратите:
→ Најдоцна до: 20.07.2023 година
→ Преку полето Брза Апликација
→ Со назнака: “БДО – Оглас за сметководител”.